Пејачот Јоце Панов деновиве ја промовираше својата нова песна насловена како „Вирус“ за која сними и видеозапис.
Песната која ја издава продуцентска куќа „Сити Рекордс“ е авторско дело на Горан Јовановиќ кој се потпишува на текстот, музиката и аранжманот. Проектот се снимаше во студиото „Анастасија“, а за комплетното музичко дело беа ангажирани Љупчо Павловски (аудио обработка), Таир Аљуш (виолина), Трајче Ставревски (бузуки), Ставре Ставрев (тапани и перкусии), Дарко Тасев (акустична и електрична гитара), Никола Автовски – Авто (бас гитара). Пратечките вокали ги отпеаја Јоце и Сара.
Видеозаписот е снимен во 4к резолуција на неколку локации во Грција под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а во него се појавува и манекенката Ангела Ставреска од модното студио „Црнокрак“.