Категорија: Македонија

МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ НАЈАВИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО БИТОЛА

Прочитај повеќе

ЦЕНТРАЛЕН ШТАБ НА ВНАТРЕПАРТИСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФОРМИ ВО ВМРО-ДПМНЕ

Денес,  се одржа состанок на Централниот Штаб на Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на активисти од Републичкиот штаб, 19 Окружни и сите Општински штабови низ Република Македонија.На истиот се разгледа реализацијата на планот за работа за 2017 година и актуелната состојба со закажаниот вонреден Конгрес на партијата.

Централниот штаб полноважно работеше и одлучуваше во присуство на 245 од поканетите 250 активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Со значително мнозинство од присутните, донесени се следните заклучоци:

 

  • Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во голем дел ги исполни зацртаните активности, согласно Планот за работа за 2017 година.

 

  • Внатрепартиската Иницијатива беше започната со цел темелна имплементација на принципите и вредностите за демократизација, модернизација, европеизација и обединување на ВМРО преку ВМРО-ДПМНЕ. Во таа смисла Иницијативата ќе продолжи со активностите сè до конечна реализација на целите.

 

  • Во поглед на закажаниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Централниот штаб ги реафирмира принципите и вредностите наведени во Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и Декларацијата “Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија” пред личностите и борбата за преземање на обврската да се управува партијата. Од тие причини, нема да предложиме кандидат за претседател на овој Конгрес.

 

  • Начинот на кој се повика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина.

 

  • Искрено им благодариме на 208те делегати кои дадоа поддршка на идејата за учество на Внатрепартиската Иницијатива на овој Конгрес.Повикуваме нивната одлука за учество на Конгресот и евентуалната поддршка на некој од предложените кандидати за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, да ја изразува нивната слободна волја и убедување од една страна, но особено да ги имаат во предвид принципите и заложбите на внатрепартиската иницијатива и барањето за демократизација на Статутот на партијата.

БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК – ПРЕПОДОБЕН СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

Прочитај повеќе

САНИРАЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО СЕЛО ЕГРИ

Прочитај повеќе

Пратеникот Васко Ковачевски директор на РЕК Битола

Прочитај повеќе

АМБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

Прочитај повеќе