Категорија: Македонија
Управниот суд уважи тужба на СДСМ, ќе се прегласува на избирачко место во Теарце
Управниот суд во вторник ја уважи тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието, предводено од СДСМ, Стевица Јосифовски.
Според одлуката, гласањето на гласачко место бр. 2011, општина Теарце за изборна единица број 6 се поништува.