Категорија: Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов, Заев и СДСМ измислуваат нерегуларности во Теарце за да ги украдат изборите
Шилегов, Заев и СДСМ измислуваат нерегуларности во Теарце за да ги украдат изборите во цела Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Шилегов, Заев и СДСМ сакаат со фалсификат и пост-изборен инженеринг во Теарце да ја одземат победата на мнозинството граѓани во Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на пресот на Шилегов во Теарце, кој што рече дека Теарце има шанса да стави печат на победата на граѓанска Македонија.
„ Срамно е што Петре Шилегов денес е во Теарце меѓу луѓето кои што неговата партија лажно сака да ги прикаже како фалсификатори и сторители на изборни нерегуларности“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.