Категорија: Македонија

Традиција, убавина и одличен натпревар: 31 Охридски пливачки маратон

Прочитај повеќе

Премиерот Заев на свечениот прием: Создадени се сите услови за фудбалскиот спектакл, Македонија ќе ја оправда довербата

Прочитај повеќе

Спасовски: За поефикасно справување со пожарите Владата прогласи кризна состојба на териториите на општините Македонски Брод и Чашка

 

Министерот Спасовки соопшти: Имавме точка на дневен ред со информација за состојбите со пожарите во Република Македонија

Предходно имаше седница на Управувачкиот комитет за управување со кризи, на која што врз основа на заклучоците кои што ги имаа од групата за проценка, се донесе предлог одлука до Владата на Република Макеоднија, да се прогласи кризна состојба во подрачјето на општина Македонски Брод и општина Чашка, бидејки во овие две подрачја веќе неколку дена имаме активни пожари.

Анализирајќи ги сите информации, пред сè, од сите релевантни фактори и институции кои што се вклучени во справување со пожарите, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП Македонски Шуми, Министерството на земјоделство шумарство и водостопанство, односно Шумската полиција, донесовме одлука на владата со која што прогласивме кризна состоојба во подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка, која што ќе трае 30 дена од моментот на донесување на одлуката.

Ова е донесено сè со цел да можат во координирана акција сите институции на Република Македонија, да делуваат на состојбата за справување со пожарите и на еден поефикасен начин да се одговориме на оваа ситуација, бидејќи гледаме дека во наредниот период ќе имаме временски услови со високи температури, а со тоа и можнст за ширење на пожарите. Ова е една од мерките која што ќе гарантира безбедност за овие региони и успешно справување со овие пожари,  до нивно целосно гасење.

Исто така на седницата на Владата ги задолживме сите надлежни институции да се вклучат и да помогнат во делот со справувањето со оваа кризна состојба во овие две општини, и, генерално, ако затреба било каде доколку има потреба со справување со пожарите на целата територија на Република Македонија.

Објавени огласи за вработување стручни кадри во центрите за социјална работа низ државата

Прочитај повеќе

Нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците

Прочитај повеќе

Препораки : Македонија во портокалова фаза

Прочитај повеќе