Категорија: Македонија

СДСМ објави дел од кандидатите

СДСМ денеска ги соопшти кандидатите за градоначалници за локалните избори 2017 година во триесетина општини.

За Градот Скопје од партијата го предлагаат Петре Шилегов. Дел од кандидатите за останатите општини во Скопје се: Златко Марин во Аеродром, Велимир Смилевски во Бутел, Борче Георгиевски во Гази Баба, Александар Наумоски во Ѓорче Петров, Стефан Богоев во Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Додека во останатите поголеми општини низ Македонија кандидат на СДСМ за Охрид е Јован Стојановски, а за Штип, Благој Бочварски.

Наташа Петровска – координатор на советничката група во Советот на Општина Битола најверојатно ќе биде изборот за кандидат за градоначалник на СДСМ за престојните локални избори.

Партијата ќе информира дополнително и за другите кандидати кога ќе биде потврдено.

 

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ ВО РЕК„БИТОЛА“ И ВО РЕК„ОСЛОМЕЈ“

Прочитај повеќе

ФИС БАЛКАН РОЛЕР-СКИ НАТПРЕВАР 2017

Прочитај повеќе

АВМУ:ОСУДА ЗА НАПАДОТ НА НОВИНАРСКАТА ЕКИПА НА ПОРТАЛОТ НОВА ТВ

Прочитај повеќе

Од октомври евтина дневна тарифа на струјата

Прочитај повеќе

Средба на премиерот Заев со претставници на стечајните работници

Прочитај повеќе