Категорија: Македонија
Промовирано второто издание на книгата ,, Речник на правни поими”
Во салата на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, вчера (27.09.2017год.) се оддржа промоцијата на второто издание на книгата ,,Речник на правни поими”. На промоцијата присуствуваа бројни гости пред кои беа претставени новитетите и дополнувањата на ова издание.
Како промотор на книгата говор оддржа Проф. Д-р Горан Илиќ, и авторот Александар Георгиев Калица каде беше истакнато значењето на оваа книга и потребата за нејзино издавање во насока на доближување на овие поими до граѓаните за полесно разбирање и нивна употреба во секојдневниот говор и работа. Исто така посебен акцент се стави и на терминолошкото изразување во медиумите при известување за тековни судски постапки, промени на закони и сл., и потребата на ваков речник кај новинарите како алатка која ќе им биде од голема помош при правилна употреба и толкување на одредени правни поими.
Ова второ дополнето издание на речникот во 500 страници, содржи вкупно 3500 правни поими, 590 популарни латински правни изреки и како новитет беше претставен третиот дел: Ознаки на судски уписници, кој е составен од кратенки со кои се означуваат и евидентираат судските предмети, поделени по вид на суд и по вид на област.