Категорија: Македонија

Лајонс Клуб Битола денес донираше спортско-рекреативна опрема која ќе ја користат здруженијата на слепи лица, глуви лица и лица со телесна попреченост.

marjan 1

Спортско-рекреативната опрема, статичен велосипед и магнетна механичка лента се сместени во спортската сала што се наоѓа во објектот на Центар за социјални грижи, во битолската населба „Карпош“.

-Битолските лајонси се нашите витези на светлината. Нивната подадена рака за нас многу значи, а тоа го прават конретно и затоа искрено им се заблагодаруваме. Денешната донација, велосипед и подвижна лента ќе ја користиме максимално, бидејќи во нашиот град, полн со сокаци и тесни улици ние слепите луѓе тешко може да се движиме, најмалку со бело стапче, но затоа пак ќе можеме да се рекреираме и спортуваме во нашата спортска сала. Ние не гледаме со очи, но гледаме со срце и ја чувствуваме искрената поддршка, истакна Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица-Битола.

Вредноста на донацијата изнесува 20.000 денари, но во реализацијата на хуманитарната акција вложени се и повеќе од 150 волонтерски часови, информираа од Лајон Клуб Битола на денешната прес конференција во овој град.

-Имавме повеќе мотиви за да ја реализираме денешната донација. Најнапред цврстата соработка со нашата целна група, односно слепите лица. Потоа, националниот имиџ проект „Сакам велосипед“ и „Да спортуваме и да се дружиме“, како и желбата да помогнеме на слепите лица, глуви и лица со телесна спреченост да водат здрав живот. Инаку, во текот на оваа година реализиравме неколку конкретни донаторски акции како што беше изработката на првата аудио книга во историјата на македонскиот лајонизам, донираниот мултифункцинален апарат за административно работење и најновата донација, спортско рекреативна опрема што ја обезбедивме од средствата собрани на неодамнешниот Црно Бел Бал, истакна Марјан Танушевски, претседател на Лајонс Клуб Битола.

Битола го одбележува Свети Нектариј Битолски

Прочитај повеќе

Во Битола отворена фото-изложба „Мајка Тереза- вечниот ангел на милосрдието“

Прочитај повеќе

Селмани реизбран за претседател на ЗНМ, избрани и нови органи

Прочитај повеќе

Општина Алмопа домаќин на четртиотт координативен состанок за проектот „Жива историја,жива природа“

Прочитај повеќе

БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

Прочитај повеќе