Категорија: Македонија
СДСМ ВО БИТОЛСКО: ВЕДНАШ ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА ПОПЛАВЕНИТЕ ГРАЃАНИ
И покрај тоа што државата се наоѓа во сериозна политичка ситуација, сепак поплавите во општините Битола, Новаци и Могила се нешто во кое што не смее да има ниту политика ниту политиканство.
Ова се моменти во кои сите ние треба да бидеме со граѓаните и да им помогнеме во маката што ги снашла.
СДСМ со своите активисти е секаде на терен и за жал констатирана е катастрофална ситуација во домовите каде водата продрела.
На дел од граѓаните им е потребна храна, вода, хемиски средства, храна за стоката…
Ние денеска на најзагрозените граѓани ќе им овозможиме дел од нивните потреби, но истовремено апелираме до надлежните институции да бидат брзи со помошта за овие граѓани.