Категорија: Македонија
МОСТ со повеќе од 2.500 набљудувачи ќе ги следи изборите
Граѓанската асоцијација МОСТ со повеќе од 2.500 набљудувачи ќе ги следи утрешните локални избори.
„Статичните набљудувачи ќе покријат околу 50 отсто од гласачките места и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање од отворање на гласачките места, преку текот на гласањето, затворање на гласачките места, па се до пребројување на гласовите“, рече извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека МОСТ ќе има и 120 мобилни тимови од по двајца набљудувачи кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние гласачки места во кои МОСТ нема сатични набљудувачи.
Покрај гласањето на 15 октомври, МОСТ ќе го набљудува и денешното предвремено гласање на болните и немоќните лица, внатрешно раселените и лицата во затвор и притвор.
Граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес ќе може тоа да го направат на бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk, рече Алексов.
Тој апелираше за одржување фер, демократски и мирен изборен процес.
МОСТ ќе ги соопшти сите информации од денот на гласањето на четири прес-конференции што ќе се одржат утре во 9:30, 13:30, 17:30 и 20:30 часот.
Габриела Илиевска:В недела масовно на гласање
„Два дена не делат од клучната одлука за иднината на Битола. Доста ја жртвувавме Битола, доста кадри од Скопје ја спасуваа Битола, доста некои други место битолчани ја водеа Битола.
Преживеала Битола наша многу окупации од туѓи војски, ама никогаш на памет немаше да ни падни дека најтешка ќе биди окупацијата од оние кои само на хартија се пишеа битолчани.
Да не ни се случи никогаш повеќе такви душегрижници кои се грижат само за сопствените џебови, да ја водат Битола. Блокирани училишта, очајни градинки, никаква инфраструктура, замислени граѓани, сиромаштија, уништен спорт, уништени села, загаден воздух. Тоа во недела престанува. Од понеделник мора да биди поинаку.
На 15. октомври дајте и шанса на Битола да биди она што заслужува:
Град предводник, град со силни училишта, креативни градинки, силен спорт, средена инфраструктура, задоволни и насмеани граѓани, странски инвестиции, туристи, силни компании, чист воздух. Дајте одново сите да се почувствуваме горди кога ќе кажиме дека сме битолчани.
Ниту од Скопје живот за сите доаѓа, ниту од Скопје нова ера почнува.
Одлуката мора да биде исклучиво на битолчани и на никој друг. Дајте и шанса на Битола за вашите деца за вашите пријатели.
Да испратиме силна порака во градот, во државата и пошироко. Битола сака поинаку нека одекне силно каква што е и Битола поинаква. Нашиот број е 34, а нашата идеја е Битола пред се .
Изјави Габриела Илиевска, носител на независна листа ПОИНАКУ.