Категорија: Македонија

Врачени решенијата за градоначалник и членови на Советот на општина Битола

Општинската изборна комисија од Битола им ги врачи уверенијата на новата градоначалничка Наташа Петровска и членовите на новиот состав на Советот на општината.

Локалните избори за градоначалник и членови на Советот на општина Битола се завршени. Роковите за поднесување приговор исто така се завршени, а воедно немаше нити еден приговор на изборниот резултат. Општинската изборна комисија-Битола констатира дека објавените резултати се конечни и затоа организиравме свеченост на која ги врачивме уверенијата на избраниот градоначалник и избраните членови на Советот на општина Битола, истакна Зоран Насев, претседател на ОИК – Битола на денешната свеченост.

Новата градоначалничка на Битола најави дека општината ќе биде транспаретна и отворена за сите граѓани.

Граѓаните со право го очекуваат нашето одговорно работење и затоа на сите избрани членови на општинскиот Совет им посакувам успешна работа и соработка. Во мојот мандат општината ќе биде транспарентна и отворена за сите, рече Петровска.

Освен новоизбраната градоначалничка на Битола, на свеченоста присуствуваа и 17-те советници од СДСМ и Коалицијата, двајца советника од независната листа „Поинаку“ и еден советник од коалицијата на ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците. Единаесетте советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не присуствуваа.

Валентин Груевски Благодарност за огромната поддршка

Прочитај повеќе

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВНАТРЕПАРТИСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФОРМИ ВО ВМРО-ДПМНЕ НА СРЕДБИ ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Прочитај повеќе

Почнува вакцинација против сезонски грип

Прочитај повеќе

Благодарност до битолчани за рекордната поддршка

Прочитај повеќе

Во првиот круг избрани градоначалници на 45 општини, втор круг во 35

Прочитај повеќе