Ова беше тешка година за Селена Гомез, а притисокот дојде до израз кога таа ја зеде наградата за најомилена поп/рок пејачка на церемонијата на доделувањето на Американските музички награди 2016 година, во неделата вечер.
Поранешната ѕвезда на Дизни беше неочекуван победник во театарот „Microsoft“, но беше многу емотивна кога зборуваше пред публиката и кога им се обрати на нејзините фанови, откривајќи дека таа била „целосно скршена однатре“, иако не изгледала така.
Селена тврди дека притисокот да го одржи нејзиниот животен стил, и начин на живот и да ги направи сите среќни, се покажал штетен за неа.