Малициозен софтвер ги „напаѓа“ Андроид паметните телефони и успеал да влезе во над еден милион кориснички сметки на Google. Со хакирањето можат да се украдат имејл адреси и податоци за потврдување на идентитетот коишто се наоѓаат на уредот кога пристапувате на Gmail, Google Photos, Google Docs и други сервиси на Google.
Мајкл Шаулов, шеф на мобилните производи во компанијата „Check Point Software Technologies“ рекол дека оваа кражба е алармантна и е новина во сајбер нападите.
Од „Chek Point“ предупредуваат дека паметниот телефон се „инфицира“ откако корисникот ќе спушти и инсталира одредена апликација која е заразена со вирусот. Google веќе започнал да работи на заштита на податоците на корисниците. Од „Chek Point“ велаат дека вирусот досега нападнал милон кориснички сметки на Google, a бројката и натаму расте, односно дневно се инфицираат 13 илјади нови паметни телефони.
Ова се апликациите заразени со најновиот вирус: Perfect Cleaner Demo, StopWatch, Clear, ballSmove_004, Flashlight, Free memory booster, Touch Beauty, Demoad, Small Blue, Point Battery, Monitor, UC Mini, Shadow Crush, Sex Photo, tub.ajy.ics, Hip Good, Memory Boosterм, phone booster, SettingService, Wifi Master, Fruit Slots, System Booster, Dircet Browser, FUNNY DROPS, Puzzle, Bubble-Pet, Paradise, GPS. Light Browser, Clean Master, YouTube Downloader, KXService, Best Wallpapers, Smart Touch, Light Advanced, SmartFolder,Youtubeplayer, Beautiful Alarm, PronClub, Detecting instrument, Pedometer, Compass Lite, WiFi Enhancer, Snake, gla.pev.zvh, Html5 Games, Demm memory booster, Wifi Speed Pro, Minibooster, Kiss Browser, Weather, Chrono, Marker, Slots Mania, Multifunction Flashlight, So Hot, HotH5Games, Swamm Browser, Billiards, TcashDemo, Sexy hot wallpaper, Wifi Accelerate, Simple Calculator, Daily Racing, Talking Tom 3, Test, Hot Photo, QPlay, Virtual Music, CloudFingerprint unlock, Assistive, Touch Sex, Cademy, OneKeyLock, Blue Point, CakeSweety.