Италијанката Ема Морано, во вторник наполни 117 години, воедно таа е последен човек на планетата за која се знае дека е родена во 19 век. Виталната и брборлива старица е родена на 29 ноември 1899 година во градчето Цивиаско во Пиемонт уште во времето на владеење на Умберто I.
Минатиот месец откри дека тајната на нејзината долговечност е во избегнувањето на вообичаените лекарски совети.
„Секојдневно јадам по три јајца и тоа е тоа. И кекси, но не можам многу да изедам затоа што немам заби“, реч Морано во интервју за AFP инатата недела.
На комодата во нејзината соба во северниот италијански град Вербаниа, со гордост е истакната потврдата од Гинисовата книга на рекорди според која официјално е најстарата жена на светот.
Во нејзина чест оваа година во градскиот театар премиерно ќе се изведе биографската музичка претстава под име „Жената која живеење во три века“.