Хакерски напад врз транспортната мрежа на Сан Франциско

Компјутерскиот сервер што ја контролира транспортна мрежа во Сан Франциско, САД бил цел на сајбер напад. Според информациите кои ги објави „Би-би-си“, по извшениот напад, сите градски линии од автобускиот и трамвајскиот сообракај биле надвор од контролата на компјутерската мрежа во која што се поврзани.

При секој обид на системските администратори на мрежата да пристапат до системот, на екраните им се појавувала пораката што ја оставиле хакерите: „Системот е преземен, сите податоци се шифрирани“.

За да ја добијат шифрата, хакерот порбарал да му се префрли 100 биткоинти(виртуелни пари), чија противредност изнесува околу 70,000 долари.

Со единствена цел да му се стави крај на хакерскиот напад, одговорните лица извесен период ги исклучиле сите апарати за билети, терминалите за вработените и влезните терминали.

Градските власти соопштиле дека хакерскиот напад бил со ограничен обем. Притоа, транспортните возила, безбедносниот систем и личните податоци на коминтентите не биле цел на нападот.Сеуште во тек е истрагата за да се открие изведувачот на овој сајбер напад во Сан Франциско.