Дневен хороскоп, 5.декември

 

Овен

Ситуацијата полека ви се разјаснува и почнувате да повлекувате конкретни потези околу некоја работа која сте ја започнале. Во изминатиот период направивте многу грешки и ќе ви треба уште време да ги санирате, но најважно е дека сега знаете оти сте на вистински пат. Ако сте слободни, денес никако не затворајте се дома. Во кругот на пријателите можна е интересна средба со една личност родена во огнен знак.

 

Бик

Денешниот ден ќе ви биде предвесник дека за вас доаѓа весел период. Ќе успеете да ги потиснете мислите на домашните обврски и вистински ќе се забавувате. Некои бикови ќе прифатат покана во пет до дванаесет за патување. Сепак, важно е однапред да ги пресметате финансиските трошоци.

 

Близнаци

Ви се зголемува опасноста од кавги што ќе го ограничи вашето делување. Нема да имате енергија, ќе бидете раздразливи и најчесто лошо насочени. Вашите проекти можат да се изјаловат, бидејќи нешто сосема грешно сте направиле. Не е време за започнување на нови работи иако во моментот имате и некои добри показатели. Во приватниот живот ситуацијата е средна, но со тенденција на подобрување

 

Рак

Денес ќе се обидете да ја добиете довербата на една личност која е многу важна за вашите идни планови. Бидете јасни и конкретни во излагањето. Само на тој начин ќе го добиете она што ви е потребно и она што го сакате. Обидете се да ја контролирате љубомората и да не си правите проблеми во емотивниот живот. Несигурноста која ја чувствувате ве тера да го контролирате партнерот, и тоа ви прави напнатост во комуникацијата.

 

Лав

Денешниот ден ќе ви го врати ентузијазмот и живоста, па можно е оваа година порано да добиете желба да ја накитите елката или да започнете да создавате со свои раце новогодишни декорации. Дозволете си да бидете детинести и безгрижни. Тоа е прекрасно чувство.

 

Девица

Потребно е да вложувате многу труд за правилно и навремено извршување на работните задачи и воопшто за постигнување на некој успех. Комуникативноста денес ќе ви биде одлична , но тоа не значи дека треба да се впуштите во решавање на проблемите поврзани со склучување на договори. Во љубовниот живот ќе морте да го расчистите лошиот однос со партнерот. Бидете директни.

Вага

Секое приспособување кон колегите ви прави додатна нервоза. Но денес ќе морате да почекате некој друг да донесе одлука од ваше име. Колку и да сакате да реагирате, обидете се да останете мирни за да не си створите дополнителни проблеми. Ако сте слободни, веќе подолго време сте заинтересирани за една личност која се однесува незаинтересирано. Колку и да се обидувате, не ви успева да ја заинтересирате. Најдобро е да се повлечете.

Скорпија

За да го промените вашиот живот, потребно е да ги промените вашите приоритети. Доволно долго време се занемарувавте себеси, ставајќи ги сите останати пред вас. Станете си најважната личност на светот. Некои скорпии  ќе имаат потреба да ги направат поттурнуваните третмани за убавина или да посветат повеќе време за нега на нивното тело.

Стрелец

Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден. Ќе бидете привлечни за личностите од спротивниот пол. Здраствената состојба ви е чуствителна, имунитетот опаднат-внимавајте од настинки.

Јарец

Деновиве ќе се потрудите да започнете нешто ново, што во иднина ќе донесе материјална сатисфакција. Не оптоварувајте се и обидете се да ги отфрлите црните мисли.Работите ќе се одвиваат токму така како што сте замислиле. Со партнерот се обидувате да најдете заеднички јазик околу некои важни работи, но тоа во моментов не е можно. Ако сте слободни, денес очекувајте порака која ќе ве изненади.

Водолија

Денес ќе чувствувате огромно задоволство кога ги елиминирате домашните обврски. Започнете рано наутро за да можете да имате повеќе време за релаксација подоцна. Заслужувате одмор, па дајте си го.

Некој ќе ви помогне да решите голем проблем во момент кога тој ќе ви изгледа нерешлив. Покажете ја вашата благодарност.

 

Риби

Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со преоблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација. Што се однесува до љубовта расправиите кои ќе ги имате со вашиот партнер се доста негативни за врската. Здравје: добро.