Загина речиси целиот тим на Шапикоенсе

Пред шест години играа во четвртата бразилска лига, пред пет дена го остварија најголемиот успех во историјата на клубот откако се пласираа ви финалето на Копа Судамерикана, а денес во авионска несреќа Шапикоенсе остана без речиси целиот тим.

Малиот бразилски клуб, кој последните години забрзано напредуваше и на крајот избори финале во Копа Американа, остана без најамалку 19 фудбалери кои загинаа во авионската несреќа, во близина на Меделин, Колумбија.

А пред само пет дена, клубот го славеше најголемиот успех во историјата, малиот Шапикоенсе го елиминира славниот аргентински Сан Лоренцо и се пласира во финалето на Копа Судамерикана. Првиот натпревар во Буенос Аирес заврши 1:1, а во реваншот немаше голови.

Првиот финален натпревар требаше да се одигра во среда, но по несреќата тој е одложен и сеуште е непознато каква одлука ќе донесе Фудбалската федерација на Јужна Америка.