Вонредна состојба на Закинтос поради поплавите

 

На грчкиот остров Закинтос, поради поплавите што го зафатија, за време на викендот, прогласена е вонредна состојба, која ќе трае шест месеци, до 26 мај следната година.

Како што пренесува грчката агенција АНА, градоначалникот на Закинтос Теодорос Галиацос, прогласи вонредна состојба бидејќи поплавите предизвикаа големи штети на патиштата.

Локалните екипи ја санираат штетата на блокираните патишта и испумпуваат вода од поплавените куќи и објекти.

Како што соопшти противпожаната служба пред два дена, најмалку едно лице загина во тие поплави.