Двајца починаа од студ, ноќта од четврток кон петок, на северот на Полска, соопшти полската полиција.
Полицајците ги нашле смрзнатите тела на двајца бездомници во раните утрински часови, а од 1-ви ноември во Полска од студеното време починале досега 15 луѓе.
Екипи од мајстори и спасувачи ширум земјата се обидуваат да ги поправат далекуводите за електрична енергија за да ја вратат струјата за 180.000 домаќинства и да ги одблокираат патиштата и пругите, по големите врнежи од снег.
Полска преку ноќта беше погодена од снежно невреме и ниски температури, јави AP.