Во Франција откриен магацин со оружје на терористите на ЕТА

Складиште со оружје кое припаѓа на баскиската сепаратистичка терористичка организација ЕТА, е откриено во соседна Франција, објави во петокот вечерта министерството за внатрешни работи на Шпанија.

Магацинот во кој покрај оружје имало и експлозиви, точното количество запленето оружје уште не е утврдено. Било откриено во петокот вечерта во општината Луосоа во департманот Атлантски Пиринеи, каде се приведени три лица.

Операцијата, којашто заеднички ја водат Граѓанската гарда на Шпанија и Главната управа за внатрешна безбедност (DGSI) при министерството за внатрешни работи на Франција, продолжува и натаму. Не се исклучени нови апсења, соопштија власите во Мадрид.

Баскиската сепаратистичка терористичка организација ЕТА (EuzkadiTaAzkatasuna или на баскиски јазик Татковина и слобода), е основана на 31-ви јули 1959 година. Во текот на нејзиното постоење е обвинета за убиства на околу 860 луѓе. Во 2011 година организацијата ЕТА објави „неопределено сеопшто примирје“. Како одговор на оваа објава шпанската влада побара нејзино целосно ликвидирање.

Последниот напад на ЕТА се случи на 9-ти август 2009 година. Оттогаш, шпанската полиција со помош на француските, португалските и британските колеги речиси ја уништија организацијата. Од почетокот на 2010 година, полицијата уапси вкупно повеќе од 60 осомничени високи членови на ЕТА, во акции извршени во неколку држави, притоа се запленети повеќе тони експлозиви, голем број лажни документи користени за илеглани патувања, оружје, дрога а беа откриени и неколку тајни лаборатории за производство на експлозиви во Португалија и беа спречени создавања две бази во Португалија во Каталонија.

Официјален датум на формирањето на баскиската терористичка организација ЕТА е 31-ви јули 1959 година, кога група млади луѓе која ја напуштаат Баскиска национална партија, одлучиле да се борат се оружје за независност на регионот Баскија. Според некои извештаи, првата жртва на баскиската терористи (иако организација сé уште нема преземена никаква одговорност за тој напад) е 22-месечно девојче БегоњаУросИбарола, кое изгорело живо во самоубиствен напад извршени од терористи на 27-ми јуни 1960 година на железничката станица „Амара“ во Сан Себастијан.

Првпат организацијата официјално презеде одговорност за своја акција на 7-ми јуни 1968 година, при терористички напад во кој загина еден полицаец, ЖозеПардиње. Се смета дека од страна на ЕТА, според најновите податоци, досега се убиени 858 лица. Последниот убиствен терористички напад беше извршен на 30-ти јули 2009 година во Мајорка, кога беа убиени двајца полицајци./