Најмалку 25 лица се убиени а уште 31 човек е ранет во експлозија во неделата утрото во близина на соборниот храм на египетските христијани Копти во квартот Абасија во престолнината Каиро, соопшти за сателитскиот канал CBC Extra, министерот за здравство Ахмед Емад.
Портпаролот на Коптската црква, отец Пол Халим, за електронското издание на весникот Al Ahram изјави дека експлозијата се случила во непосредна близина на малата црква „Свети Петар и Павле“ (Ел-Ботросеја), во непосредна катедралниот храм на египетските христијани.
Коптската православна црква е една од најстарите христијански цркви во светот. Според преданието, таа е основана од страна на Апостол Марко кој се смета за нејзиниот прв патријарх. Во моментов, Коптите се најбројната христијанска конфесија на Блискиот исток, а огромното мнозинство на Коптите живеат во Египет. Во моментов, според официјалните податоци, бројот на Коптите во Египет изнесува околу 10 милиони. Коптите, пак, тврдат дека во земјата има речиси 17 милиони христијани, или околу 20 отсто од вкупно 85 милионското население Египет.
Безбедносните сили ја блокираа областа и приодите кон храмот, се додава во извештајот. Повредените се пренесени во болницата Дар ал-Шефа и во Универзитетската болница Аин Шамс.
Ова е трета експлозија оваа седмица во египетската престолнина Каиро, претходно во саботата во експлозија во квартот Харам Гиза загинаа шест полицајци а уште тројца беа ранети, а во петокот на автопатот Кафр ал-Шеик, исто така, во експлозија загина еден цивил, а тројца полицајци беа ранети.
Засега никој не ја презема одговорноста за овие напади, но познато е дека екстремистичките групации изведоа голем број напади врз египетската полиција и војската откако во 2013 година влијателните вооружени сили по неисполнетиот ултиматум да се договори со секуларната опозиција исламистичкиот претседател Мохамед Морси и го забрани неговото движење Муслиманско братство.
Најголем дел од тие напади се изведени на полуостровот Синај, каде што дејствува групата Ансар Бејт ал-Макдис, или „калифатот Синај“, којашто е поврзана со ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.
Во еден од ретките џихадистички напади во Каиро, во јуни 2015 година во напад со автомобил бомба беше убиен главниот државен обвинител на Египет, Хишам Баракат.