Најмалку две лица се повредени во експлозија, која денеска рано наутро се случила во подвозник, во близина на метрото во јужниот дел на Москва, јави агенцијата TASS, повикувајќи се на извори на службата за вонредни ситуации.
Истите извори наведуваат дека еден од повредените е во критична состојба.
Полицијата забрани пристап до местото на екплозијата, а влезот во метро-станицата е затворен.