Најмалку 17 лица загинаа при верижен судир на 56 автомобили на автопат во Кина, објавија светските медиуми.
Возилата се излизгале и удриле едно во друго на автопатот Пекинг – Кунминг во провинцијата Шанси во понеделникот.
До несреќата дошло поради густа магла, дожд и снег.
„Маглата беше густа и затоа возев полека кога излегов од тунелот. Видов две возила како хоризонтално го блокираат патот, па притиснав на кочницата,“ рече еден од возачите кои учествуваа во сударит.
Во несреќата се повредени 37 луѓе, јави државната агенција Xinhua.
Пожарникари биле веднаш повикани за да го гасат огнот, додека спасувачи извлекувале луѓе од згмечени автомобили.