Во центарот на Атина, во втроник вечер изби судир меѓу полицијата и група демонистранти кои фрлале молотови коктели и петарди по одбележувањето на смртта на тинејџерот, кој во 2008 година беше убиен од страна на полицијата.
Судирот избил по мирниот марш со кој беше одбележана годишнината од смртта на петнаесетгодишниот Александрос Григоропулос.
Откако демонстрантите фрлале по полицијата со камења, полицијата возвратила со солзавец. На протестот се собраа стотици луѓе, а полицијата за да ја растера толпата масата користеше солзавец и палки.