Рускиот полковник Руслан Галицки е убиен во Алепо откако сириксите бунтовници гранатираа дел од градот каде што се наоѓал тој, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија.
Полковникот Галицки кој во Сирија работел како специјален воен советник, постхумно ќе биде одликуван со највисоко воено признание, пренесуваат руските агенции.
Убиството на полковникот Галицки би можело да предизвика уште посилен притисок на Русија врз бунтовничките сили кои се борат против сириската војска, пренесува „Сириска опсерваторија за човекови права“, и наведува дека „не е исклучена одмазда“.
„Бунтовниците направија голема грешка,“ рече Рами Хасан од сирискта опсерваторија со седиште во Лондон.
Истовремено, сириската војска ги зазеде сите делови на стариот град Алепо, по операцијата што започна во вторникот, пренесува Sputnjik.
Локалните медиуми наведуваат дека сириксите вооружени сили контролираат околу 65 проценти од источен Алепо кој досега беше упориште на бунтовниците.
„Остатоци на вооружени групи се целосно потиснати од старите делови на Алепо. Непријателот е поразен и бега кон јужните реони, кон преостанатите позиции на терористите,“ RIA Novosti го пренесува соопштението на локалната про-сириска милиција.