Дванаесет лица, меѓу кои 11 девојчиња настрадаа во пожар кој избувнал во дом за ученици во јужната турска провинција Адан, соопштија турските власти.
Други 22 девојчиња се повредени, пренесува AFP, а меѓу загинатите е една жена вработена во домот.
Спред изјавата на градоначалникот на Адана, Хусеин Созлу, за телевизијата NTV, од 12 загинати 11 се девојчиња од второ одделение, додека гувернерот Махмут Демитрас рекол дека во овој дом биле сместенио 34 ученици, и дека некои од повредите настанале додека учениците се обидувале да побегнат преку прозор.
„Пожарот избувнал во дом за ученици од основно и средно училиште, а можно е да бил предизвикан од дефект во електричната инасталација“, рекол турскиот министер за односи со ЕУ Омер Челик.
Според тврдењата на официјални лица, огнената стихија брзо се ширела бидејќи ентериерот на домот бил направен од дрво.
Во домот биле сместени девојчиња од околните сиромашни села во кои нема училиште.
15 girls from 6th to 12th graders were killed in a blazing fire at a dorm in the town of Aladağ in #Turkey‘s southeastern province #Adana pic.twitter.com/ygTTmjaZ6n
— Abdullah Bozkurt (@abdbozkurt) November 29, 2016