Трамп победил во Мичиген со најмала разлика во историјата

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, победил на американските избори на 8-ми ноември во сојузната држава Мичиген со најмалата разлика во историјата, покажуваат резултатите откако во вторникот во оваа американска држава заврши пребројувањето на гласачките ливчиња.

И по пребројувањето, пишува весникот Detroit Free Press од средата, овие резултати не можат да имаат никакво влијание врз исходот од изборите, бидејќи тој не зависи од тоа како е гласано во Мичиген, зашто Доналд Трамп освои повеќе од потребните 270 од ткн електорски гласови.

А оваа бројка од ваквиот сложениот американски систем на претседателските избори му ја овозможи победата над демократската противкандидатка Хилари Клинтон, иако таа според последните информации таа имала над два милиона гласови повеќе од републиканскиот кандидат.

Според резултатите од пребројувањето на поединечните гласови, објавени на официјалната интернет страница на државата Мичиген, Трамп таму освоил 2.279.543 гласа на избирачите, а Клинтон 2.268.839 гласови. Со тоа разликата меѓу нив е само 10.704 гласови. Како што забележува Detroit Free Press, станува збор за најмалата разлика меѓу кандидатите во досегашната историја на изборите во оваа земја, но кој бил претходниот резултат весникот не известува.

Според последните пребројувања Трамп на претседателските избори во САД успеал да го зголеми бројот на поддршката од ткн електори на 306, додека Клинтон освоила 232 вакви гласови.