Трамп го именуваше генералот „Бесниот пес“ за шеф на Пентагон

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот го именувал пензионираниот генерал Џејсм Матис, поранешен маринец кој служел во Ирак и Авганистан познат под прекарот „Бесниот пес“ за министер за одбрана.

„Тој е најдобриот“, изјави новиот станар на Белата куќа Доналд Трамп на собирот во сојузната држава Охајо. „Другите генерали велат дека е најсличен на генералот Џорџ Патон“, додаде Трамп споменувајќи го легендарниот американски војсководец од Втората светска војна во Европа.

Џејмс Матис е првиот поранешен генерал кој ќе стане мистер за одбрана по Џорџ Маршал во 1950 година во мандатот на претседателот Хари Труман. Именувањето на Матис уште треба да го потврди Конгресот.

Пензионираниот генерал Џемјс Матис, познат како „Бесното куче“, беше жесток критичар на политиката на актуелниот американски претседател Барак Обама на Блискиот исток, особено во однос на Иран. За Иран тој зборуваше како за „најголемата закана за стабилноста и мирот на Блискиот исток“.

Генералот Џејмс Матис учествувал во војните во Авганистан и во Ирак. Бил Врховен командант на здружените вооружени сили на НАТО за трансформација, началник на Заедничката команда на вооружените сили на САД, началник на Централната команда на американски војски. Матис отстапи од должностите и се пензионираше во 2013 година. Во политичките кругови е познат како ткн тврдолинијаш, кој за Русија смета дека има намера да го „растури НАТО“, а за Кина дека „игра на противречностите“ меѓу американските сојузници

Матис беше еден од „финалистите“ за оваа клучна позиција во следната американска администрација. Трамп вети дека ќе ја интензивира борбата против џихадистичката организација исламска држава во Сирија и во Ирак, двете боишта кои овој генерал добро ги познава.

Новиот американски претседател својата одлука за челникот на Пентагон ја објави пред неколку илјади сви приврзаници на првиот митинг на благодарност, кампања во чиишто рамки има намера да посети неколку сојузни држави по изборот за Белата куќа.