Скандалот со руски хакери може да влијае на Трамповиот избор за државен секретар

Во овој момент, повеќето луѓе во Вашингтон веруваат дека постоеле обиди од страна на Кремљ, Русија да се вмеша во претседателските избори во САД со хакирање на компјутерските системи, меѓу кои се Националниот комитет на демократите и Џон Подеста, шефот на кампањата на Хилари Клинтон.

Проблем за републиканците е дека нивните новоизбран претседател не е еден од нив, пишуваат светските медиуми.

И покрај едногласната оценка на 16 агенции кои ја очинуваат разузнавачката заедница на САД, Трамп беше дециден во изјавите дека не верува во наводна инволвираност на Русија во било кој вид хакирање, и ги обвини агенциите за „играње политика“.

Неговите напори да фрли сомнеж врз резултатите на разузнавачките агенции се интензивираа во текот на викендот, откако New York Times објави дека CIA е убедена, дека руските обиди имале за цел да му помогнат на Трамп да победи на изборите.

Инаку, Федерално биро за истраги (FBI), се согласи со констатацијата дека хакерите биле спонзорирани од страна на Русија, но соопшти дека нема доволно докази за да се импутира мотив на Кремљ.

Во извонреден обид да се преработи историјата, новоизбраниот претседател во понеделникот наутро на Твитер напиша: “Ако не ги фатите хакерите на дело, тогаш  е многу тешко да се одреди кој го прави хакирањето. Зошто за ова не се зборуваше пред изборите? “, напишал Доналд Трамп.

Првото тврдење, според компјутерски експерти, очигледно е неточно. Но Трамп бара да се знае зошто прашањето за руско хакирање не беше донесено пред изборите.

“Ова е исто како да прашате: Зошто сонцето не излезе минатата среда?” напишал Трамп на својот Твитер.