Сингапур го призна Косово

Сингапур ја призна независноста на Косово, јавуват во петок приштинските медиуми.

Истите извори велат дека веста ја потврдил министерот за надворешни работи Енвер Хоџај, кој планира да го посети Сингапур во јануари.

Сингапур е четвртата земја членка на АСЕАН што го признава Косово, со што бројот на земји во светот што ја призна косовската независност се искачи на 113.