Силен земјотрес во близина на Сплит

Силен земјотрес го потресе хрватскиот приморски град Сплит, во петок, а земјотресот бил почувствуван во цела средна Далмација.

Граѓаните во паника истрчале на улиците, а се слушало кршење на стакло, додека во повеќе домови испукани се ѕидовите, јавуваат хрватските медиуми.

Силниот земјотрес се почувствувал во 13.58 часот на подрачјето на Сплит, а треморот траел неколку секунди.

Според медиумите, јачината на земјотресот е 4,6 степени според Рихтер, иако некои медиуми јавуваат и за два земјотреси со јачина од 5 и 5,1 степен според Рихтер.

Земјотресот бил со епицентар во Јадранското Море, на длабочина од 10 километри.

Учениците се пуштени од настава дома, а мобилните телефони постојано ѕвонат. Особено зафатени се стручните служби кои примаат дојави за штета.