Силен земјотрес на Суматра, најмалку 25 загинати

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Аќе на индонезискиот остров Суматра, соопшти Геолошкиот институт на САД. Институтот наведе дека нема опасност од цунами.

Во разорниот земјотрес, кој со јачина од 6,8 степени според Рихетеровата скала ја погоди провинцијата Аќе на островот Суматра, Индонезија, загинале најмалку 25 луѓе, а неколку стотици останале заробени во урнатините, соопштија индонезиските власти.

Службата за борба против природните катастрофи потврди дека неколку згради се урнале, вклучуваќи најмалку четири дуќани и четири куќи во местото Пиди Јаја. Електричните инсталации, како и локалната џамија претрпеле тешки оштетувања.

„Земјотресот беше силен и луѓето во паника ги напуштаја своите домови кои започнаа да се уриваат“, изјавил Сутопо Нагрохо од Службата за борба против природни катастрофи.

Оваа служба истакна дека има потреба од опрема за ископување и останатите ресурси кои се нопходни за спасување при вакви природни катастрофи.