Шестмина го преживеале падот на авионот со бразилските фудбалери

Колумбиската полиција соопшти дека 75 лица загинале во падот на авионот кој ги превезувал фудбалерите на бразислкиот клуб Шапикоенсе. Директорот на полицијата Хосе Асеведо Оса рекол дека шестмина ја преживеале несреќата и дека спасувачката акција била прекината поради силниот дожд.

Инаку оваа информација не е потврдена од останатите институции, а од секторот за цивилна авијација за Ројтерс само рекле дека „невозможно е да се негира дека има голем број на жртви“.

Авионот од типот Аероспејс 146, со 72 патници и девет членови на екипажот, полетал од Сао Паоло, еднаш слетал на аеродромот во Санта Крус де ла Сијера, во источна Боливија, а потоа продолжил кон Колумбија. Инаку со овој авион пред десетина дена патувале фудбалерите на аргентинскиот национален тим.

Бразилските медиуми поренесоа дека авионот прогласил узбуна околу 22 часот поради менахнички проблеми. Во моментот кога беше објавена веста за трагичната несреќа, поголем дел од светските миедиуми објавија дека леталото најверојатно останало без гориво.

Медиумите во авионот се наоѓале 22-ца фудбалери: Данило, Фолман, Хименес, Денер, Алан Рушел, Кармело, Марсело, Фелипе Мачадо, Тијего, Нето, Жосимар, Жил, Серхио Маноел, Матеус Битеко, Клебер Сантана, Артур Марија, Кемпес, Ананијас, Лукаш Гомеш, Тиагуињо, Бруно Ранхел и Канела.

Колумбиските медиуми објавија дека двајца фудбалери Алан Рушел и Данило, односно една членка на екипажот и новинарот Рафаел Ханзе ја преживеале несреќата.