Авиокомпанијата Qantas е прва која ќе воведе директна линија меѓу Австралија и Европа, а тоа ќе се случи во 2018 година.
Досега патувањата од Австралија кон Европа значеше дека ќе има застанувања, но Qantas се погрижи тоа да се смени. Компанијата најави директни летови со „Boeing 787-9 Dreamliner“ од Перт до Лондон.
Линијата ќе биде воспоставена во март 2018 година. Летовите меѓу Австралија и Европа траат речиси 24 часа, поради застанувањата во Азија или на Блискиот исток. Меѓутоа, наскоро со 236 патници на лет ќе може да се патува 14.498 километри без застанување, а летот ќе трае 17 часа, благодарение на оваа рута. Тоа ќе биде трет најдолг лет на светот.
Дневно е планиран барем еден лет од Австралија кон Европа, а билетот колку ќе чини, сé уште не епознато.