Пентагон потврди во петокот дека кинеска воена морнарица во четвртокот заробила американски подводен дрон во меѓународните води на Јужното Кинеско Море, северозападно од заливот Субик Беј.
Според изворите на агенцијата Reuters, овојподводеннаведуван апаратбез екипаж, бил користен од океанографскиот брод „USNS Bowditch“.
„Станува збор за брод со заштитен суверен имунитет, и на него имало јасна ознака на англиски јазик, дека тој не треба да биде извлечено од водата. Тоа е американска сопственост“, изјавил неименуван американски функционер за американската телевизиска мрежа CNBC.
Според него, подводното пловило било користено за собирање океанографски податоци во рамките на некласифицирана, односно јавна програма. Вашингтон по дипломатски канали му изразил протест на Пекинг, на кој кинеската страна сé уште не одговорила, рекол соговорникот на телевизијата.
„Кинески воен брод запрел пресретнувајќи американски подводен апарат без екипаж, додека истовремено океанографски брод на американската воена морнарица ’USNS Bowditch’ се обидувал да го врати. Бродот на кинеската воена морнарица ’ASR-510’ дошол на растојание од 500 јарди (457,2 метри) кон американскиот брод, спуштајќи во водата помал чамец и фаќајќи го дронот“, појаснил за руската агенција ТАСС, портпаролот на американското министерство за одбрана, морнаричкиот капетан од прва класа, ЏефДејвис.
Инцидентот, според него, се одиграл во меѓународните води на околу 50 наутички милји (92,6 километри) северозападно од филипинскиот залив Субик-беј, каде што има база на американската воена морнарица.
Дејвис истакнал дека „Bowditch“ воспоставил контакт со кинескиот брод и „барал да биде вратен дронот“. „Тие барања биле игнорирани. Поради тоа ние работиме преку дипломатски канали“, додава.
„Вакво однесување не очекувавме од професионалци на воена морнарица“, заклучува портпаролот на Пентагон.
Американските медиуми пишуваат дека на „USNS Bowditch“ имало два подводни дрона. Двата биле активни во меѓународните води на Јужното Кинеско Море на собирање научни информации. Еден од нив бил забележан од кинескиот брод во моментот кога екипажот на научниот брод да ги повлече двата свои дронови.
Медиумите, исто така, забележуваат дека американските океанографски бродови чести се следен, поради тоа што се претпоставува дека тие се користат во разузнавачи и шпионски операции.