САД нудат 25 млн долари за информации за водачот на IS

САД во петокот за повеќе од двојно ја зголемија својата претходно понудена награда за информации за челникот на ултрарадикалнатаисламистичка организација Исламска држава (IS), АбуБакрал-Багдади, понудувајќи 25 милиони долари за известувања кои можат да доведат до негово лоцирање, да се уапси и осудување на водачот на џихадистите.

Програмата на Стејт департментот под назив „Награда за права“ претходно понуди 10 милиони долари за информации за Ирачанецот АбуБакрал-Багдади, објавена во 2011 година. Повеќе од двојното зголемување на наградата за корисни информации за овој поранешен затвореник на Гвантанамо, е објавена во петокот во соопштение.

АлБагдади, чиешто вистинско име е Ибрахим ал-Самараи, пред две години се прогласи за калиф на Исламската држава, односно на нејзиниот ткн калифат кој зафаќаше големи територии од Ирак и од Сирија.

Не е познато каде во моментот се наоѓа, за кој се вели дека одамна не се појавил ниту јавно ниту пред своите соборци. Според некои информации, би можел да биде во дефакто престолнината на „калифатот“ – ирачкиот град Мосул, или западно од овој ирачки град, во близина на границата со Сирија.

Според претставниците на ирачките Курди, поради офанзивата врз Мосул. Ал-Багдади и неговите најблиски соработници постојано се во движење настојувајќи да избегнат да бидат лоцирани или заробени.