Руското Министерство за одрбрана соопшти утрово дека 23 лица се повредени при принудно слетување на воен авион „Ilushin II-18“ на територија на републиката Јакутија во Сибир. Сите повредени се хоспитализирани во болница во Тикси.
Агенцијата TASS од извори во болницата во која се сместени дознава дека тројца војници се во тешка состојба, а останатите се надвор од животна опасност или се на медицинско испитување.
„Сите се евакуирани од местото на несреќата со воен хеликоптер“, соопшти руското министерство.
Понатаму се наведува дека авионот, во кој имало седум членови на екипажот и 32 патници, полетал од Канск и дека принудно слетал во раните утрински часови на околу 30 километри од аеродромот во Тикси.