Разбиена најголемата светска сајбер мрежа

Најголемата светска сајбер мрежа Avalanche  (Лавина), која се користела како платформа за покренување и управување масовни глобални хакерски напади, разбиена е во меѓународна операција, соопшти Europol.

Истрагата траела четири години, а во операцијата учествувале полиции на 10 европски земји. Во текот на рацијата биле запленети сервери, затворени се голем број веб страници и уапсени се пет лица.

Само во Германија мрежата прдизвикала штета во износ од шест милиони евра во концентриран сајбер напад на онлајн банкарски систем.

Мрежата Avalanche била користена против онлајн банкарски корисници со спам мејлови. Како што наведува европскат полиција Europol, неделно биле испраќани повеќе од милион мејлови со заразени фајлови или линкови, а кога корисниците ги отворале нивните инфицирани компјутери  станувале дел од мрежата.

Се проценува дека вака заразени се повеќе од 500.000 компјутери ширум светот, а жртви се идентифукувани во 180 земји, наведува Europol.