Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четврток дека руската војска е посилна од секаков потенцијален агресор.
„Со сигурност можеме да кажеме: посилни сме од секој потенцијален агресор“, рече Путин на состанок во Министерството за одбрана и нагласи: „Од секој“.
Путин рече дека Русија треба внимателно да ги следи воените раздвижувања покрај својата граница, како и промените во „воената и политичката ситуација глобално“, пренесе Асошиејтед прес.
Тој додаде дека Русија треба да биде брза во „прилагодувањето на плановите за неутрализирање на потенцијалните закани“.