Прв смртен случај од грип во Црна Гора

Прв случај на починат од грип оваа сезона е регистриран во Црна Гора, соопштија од Клиничкиот центар во Подгорица, при тоа додавајќи дека станува збор за пациент на возраст од 63 години, кој боледувал од повеќе хронични болести.

Во Центарот за контрола и превенција на болестите на Институтот за јавно здравје во вторник пристигнала пријава за смрт од Инфлуенца од типот АН3.

„Ова е прв регистриран смртен случај од грип оваа сезона. Станува збор за пациент на возраст од 63 години, кој боледувал од повеќе хронични болести, кај кој постоел зголемен ризик од развој на компликации од грип. Пациентот не бил вакциниран“, соопштија од Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Лани од грип во Црна Гора починале 10 лица.