Пропаднаа преговорите за обединување на Кипар

Преговорите на кипарските Грци и Турци за обединување на островот не успеаја, соопштија официјални лица на Обединетите нации, пренесува Reuters.

Разговорите беа водени под покровителство на ОН во Швајцарија, а лидерите Никос Анастасијадес и Мустафа Акинџи по два дена преговори не успеаја да се договорат.

„И покрај наjдобрите намери, тие не беа во состојба да ги усогласат критериумите за територијално ускладување со што би се отворил патот кон последната фаза на преговори,“ соопштија претстaвници на ОН.

Кипар е поделен од 1974 година на турски и грчки дел. Преговорите за нивно повторно обединување траат со децении, со мали прекини, со помош на ОН.

Претставници на кипарските Грци и Турци се обидуваат да се договорат за овластувањата во заедничката држава, враќање на имотите на Грците во турскиот дел, судбината на исчезнатите лица, како и за статусот на Турците кои во меѓувреме се доселиле на островот.