Колумбиската полиција соопшти дека 76 лица загинале во падот на авионот кој ги превезувал фудбалерите на бразилскиот клуб Шапикоенсе. Полицијата соопши дека е пронајден уште еден преживеан патник, фудбалерот Хелио Зампијер Нето.
Директорот на полицијата Хосе Асеведо Оса, претходно рекол дека шестмина ја преживеале несреќата, но потоа медиумите објавија дека голманот Данило им подлегнал на повредите во болницата.
Покрај Нето трагичната несреќа ја преживеале: фудбалерите Алекс Рушел и Џексон Рагнар Фолман, новинарот Рафаел Хенцел и членката на екипажот Химена Суарез.
Авионот од типот Аероспејс 146, со 72 патници и девет членови на екипажот, полетал од Сао Паоло, еднаш слетал на аеродромот во Санта Крус де ла Сијера, во источна Боливија, а потоа продолжил кон Колумбија. Инаку со овој авион пред десетина дена патувале фудбалерите на аргентинскиот национален тим.
Бразилските медиуми поренесоа дека авионот прогласил узбуна околу 22 часот поради менахнички проблеми. Во моментот кога беше објавена веста за трагичната несреќа, поголем дел од светските миедиуми објавија дека леталото најверојатно останало без гориво.
Медиумите во авионот се наоѓале 22-ца фудбалери: Данило, Фолман, Хименес, Денер, Алан Рушел, Кармело, Марсело, Фелипе Мачадо, Тијего, Нето, Жосимар, Жил, Серхио Маноел, Матеус Битеко, Клебер Сантана, Артур Марија, Кемпес, Ананијас, Лукаш Гомеш, Тиагуињо, Бруно Ранхел и Канела.