Продолжена вонредната состојба во Франција

Францускиот парламент во среда наутро изгласа продолжување на вонредната состојба во земјата до 15 јули следната година, што ќе го опфати и периодот на одржување на изборите.

Оваа мерка беше воведена по терористичките напади во Париз во кои во ноември минатата година беа убиени 130 луѓе. Вонредната состојба од тогаш се продолжува за пет пати. Пратениците го поддржаа продолжувањето на вонредната состојба со 288 гласови „за“, додека 32 беа против, пренесуваат агенциите.

Оваа одлука во текот на денот треба да ја потврди и Сенатот.