По најавата на пристанишните работници во Грција дека штрајкот ќе биде продолжен до недела наутро, фериботите и товарните бродови ќе останат во пристаништата. Овој штрајк беше започнат минатата недела поради барањето на кредиторите на земјата за зголемување на даночното оптоварување во поморскиот транспорт.
Министерот за поморска флота и островска политика, Панајотис Курумблис увери дека нема да има промена во даночниот режим за морнарите ниту за оваа, ниту во годините кои следат, пренесуваат грчките медиуми.
Последиците од штрајкот веќе започна да се чуствуваат особено на грчките острови каде почна да се јавува недостиг на храна и медикаменти. Исто така и фармерите се незадоволни и се закануваат да го тужат синдикатот на морнарите, бидејќи нивното земјоделско производство стои по пристаништата и не може да биде транспортирано.