Двајца пиромани утрово помеѓу 1:40 и 2:40 часот запалиле шест паркирани возила во белградските населби Раковица и Чукарица.
Пироманите намерно запалиле шест паркирани возила, три на еден паркинг, а други три на три различни локации. Во пожарите кои настанале како последица на палењето нема повредени, а причинета била само голема материјална штета.
Белградската полиција упасила едно 22-годишно момче под сомнение дека ги палело автомобилите, додека по уште едно лице сеушта трага.