Пирамида откриена на Антарктик

Научниците со години изнесуваат теории дека на Антарктик некогаш постоела цивилизација, со образложение дека некогаш таму темпераурите изнесувале и до 20 Целзиусови степени.

Овие теории би можеле да добијат потврда, бидејќи најновите снимки на Антарктикот на Google Earth покажуваат објект со четири рамни страни, кој неодоливо потесетува на пирамина, пишува лондонски Sun.

Ванеса Боман, научник од Велика Британија, која работи на истражувањето на Антарктикот, изјавила дека овој контитнет некогаш бил богат со тропски шуми и дека климата била слична каква онаа која владее на Нов Зеланд.

Пирамидалната структура на Артктикот претходно не можела да биде забележана поради големите количини на снег и мраз, а претпоставката е дека климатските промени предизвикале топење на снегот и мразот, што овозможило пирамидалната структура да стане видлива.

Доколку навистина биде потврдено дека се работи за пирамида, а не за некаков природен феномен, тоа би можело да ја смени човечката историја, пишуваат британските медиуми.

Објектот на социјалните мрежи се нарекува „снежна пирамида“.