Пет луѓе загинаа во САД во олујното невреме на југоистокот на земјата, а регистрирани се најмалку 13 торнада што корнеле дрвја и уништувале куќи во американските сојузни држави Алабама и Тенеси.
Невремето во среда погоди и делови на Мисисипи и Луизијана, соопшти метеоролошката служба.
Потврдено е дека најмалку пет торнада имало во Алабама, три на југот на Тенеси, едно во Луизијана и четири во Мисисипи.
Олујата следеше набрзо откако пожарникарите ги ставија под контрола пожарите во кои настрада седум луѓе, а повеќе од 700 куќи и деловни објекти во Тенеси биле оштетени.
Во Алабама пред невремето имало пороен дожд, во подрачјата каде што владееле повеќемесечна суша.