Петмина се удавија во поплави во Шпанија

Петмина се удавија во поплави што по обилните дождови го зафатија источниот дел на Шпанија.

Еден маж бил заробен во пештера исполнета со вода. Спасувачкиот тим жив го извлекол 58-годишниот маж од пештерата во близина на Валенсија, но тој подоцна починал во болница.

Еден 47-годишник, починал заробен во подземна гаража, откако отишол да го провери автомобилот, а кога не се вратил брзо, сопругата пријавила, па спасувачкиот тим го пронашол телото на несреќникот.

Во истиот град, 40-годишен маж се удавил кога надојдената вода го однела.

Регионот на Мурсија е еден од најпогодените од поплавите за време на викендот, каде е прогласена вонредна состојба од второ ниво, а војската е повикана на помош. Стотици се евакиуирани од нивните домови, а само во Мурсија спасувачките тимови пријавиле дека евакуирале најмалку 350 луѓе од нивните домови и автомобили.

Во меѓувреме погоре по источниот брег во регионот на Валенсија пријавени се уште два смртни случаи како последица од поплавите. Еден маж загина откако надојдената вода го однела неговиот автомобил во градот Кастелон. А во Кала Финестрат, маж бил одвлечкан до морето во обид да стигне до својот автомобил.

Училиштата во Валенсија и во Мурсија се затворени, а многу патишта се блокирани.