Паника во ЛА, дојава за бомбашки напад на метро

Мерките на безбедност се зголемени на сите метроа во Лос Анџелес по примената дојава дека денес е можен бомбашки напад на една од станиците, соопштија локалните власти.

Според изјавата на помошник на директорот задолжен за канцеларијата на FBI во Лос Анџелес, Дирдре Фајк, заканата ја упатила непознато лице кое телефонски се јавило од друга земја, наменета за пријавување на потенцијално загризување на јавната безбедност.

Владата на таа земја, која не е идентификувана, ја проследила информацијата на оперативната група на FBI надлежна за тероризам, пренесува агенцијата AFP.

Во анонимниот повик, упатен на англиски јазик, наведено е дека мета на нападот е станица на метро во близина на тематскиот парк на студиото Universal City, каде што, според заканата,  денес ќе се активира експлозивна направа, изјави Фајк на конференција за новинари.

Локалните власти порачаа дека работат на утврдување на веродостојноста на заканата, која ја опишаа како „многу специфична“.

Шефот на полицијата на Лос Ангелес, Чарли Бек рече дека заканата е непосредна и додаде дека властите имале малку време да ја проценат сериозноста и затоа решиле брзо да реагираат и да ја предупредат јавноста.