Обама нареди истрага за кибернетичките напади за време на изборите, CIA ја обвинува Русија

Русија се вмешала во американските претседателски избори за да му помогне на ДоналдТрамп да победи, оценува американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во тајниот документ кој го објави The Washington Post, по одлуката на сé уште актуелниот претседател БаракОбама да се истражат наводите за кибернетичките напади во текот на предизборната кампања.

Соработниците на новоизбраниот американски претседател ДоналдТрамп веднаш ги отфрлија заклучоците на CIA истакнувајќи дека аналитичарите кои ги донеле „се истите оние кои зборуваа дека (поранешниот ирачки претседател) Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување.

Меѓутоа, речиси еден месец по изборите на кои победи републиканскиот кандидат во трката со демократската кандидатка ХилариКлинтон, демократскиот дел од американската јавност уште ги поставува прашањата за наводното руско вмешување во кампањата.

Неколку часа откако претседателот на заминување БаракОбама донесе одлука разузнавачките служби „темелно да истражат што се случило во изборниот процес 2016-та“, весникот The Washington Post открива дека CIA во таен документ заклучила дека лица, наводно поврзани со Москва, и испратиле на мрежната страница WikiLeaks, меѓу другото, и хакирани електронски пораки од адресите на шефот на изборната кампања на ХилариКлинтон, Џон Подеста и на демократската партија.

„Разузнавачката заедница оценува дека руска цел била да се осигури предноста на еден кандидат, да му се помогне на Трамп да победи“, изјавил за The Washington Post висок неименуван функционер запознаен со извештајот кој разузнавачите им го поднеле на сенаторите.

Сепак, во текстот на WP, се истакнува дека документот на CIA не е извештај во вистинска смисла на зборот и не го одразува ставот на сите седумнаесет американски разузнавачки агенции.

Американската разузнавачка заедница, сепак, не располага со никакви докази дека челниците во Кремљ им наредиле на посредниците хакираните електронски пораки да му ги испратат на WikiLeaks, изјавил за весникот добро известен извор.

Основачот на WikiLeaks, Австралиецот ЏулијанАсанж, исто така, ги одбива тврдењата дека Русија манипулирала со порталот во текот на американската предизборна кампања.

Според овој документ на CIA, Русија дејствувала преку „посредник“, з ада не се вмеша директно.

Белата куќа вети дека ќе ги запознае конгресмените со резултатите од истрагата којашто ја побара Обама, но истакнуваат дека сигурно нема да содржат чувствителни информации кои нема да можат да бидат изнесени во јавноста.

„Мора да биде јасно: ова не е обид за преиспитување на изборните резултати“, истакна ЕрикШулц, портпарол на американската влада.

Претходно во петокот американскиот претседател БаракОбама им нареди да ги истражат кибернетичките напади и наводните странски интервенции на претседателските избори, и за тоа извештајот да му го поднесат пред 20-ти јануари, кога му завршува мандатот, соопшти Белата куќа.

Американската влада во октомври официјално ја обвини Русија дека наводно стои зад серијата кибернетички напади врз организациите на Демократската партија, од која се и Обама и неговата поранешна државна секретарка ХилариКлинтон која се кандидираше на изборите за негов наследник. Обама притоа изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин „за последиците о  тие напади“.

Советничката на Обама за татковинска безбедност Лиза Монако изјави за новинарите дека резултатот од оваа истрага ќе им биде предаден на пратениците во Сенатот и Конгресот и на други функционери.

„Претседателот ја упати разузнавачката заедница да спроведе целосна проверка на онаа што се случувало во текот на годинешниот изборен процес….,од тоа да се извлечат поуките и за тоа да известат редица функционери, вклучително и Конгресот“, истакна Монако.

Монако изјави дека кибернетичките напади не се новина, но дека оваа година ја пробиле „новата граница“,

Портпаролот на Белата куќа, ЕрикШулц, истакна дека истрагата „ќе оди длабоко“ и ќе се бара образецот на таквото дејствување во последните неколку години, додаде дека Обама сака тоа да биде довршено во текот на неговиот мандат. „Тоа е голем приоритет за претседателот на САД“, истакна Шулц.

Извори од американската влада тврдат дека оваа истрага делумно е покрената поради барањето на Демократската партија да се одговори на наводното руско дејствување, како и да се дознае колку разузнавачки материјал за таа тема може да биде декласифициран и јавно објавен.